Ар шо ќе ме видиш брат кај ќе ме видиш. Една недела не сум излезен од по маркетиве. По цел ден пазарам. Море купви та требело та не. Јас ова евтинотија ја неам видено од ко постојт државава. Со ова поевтинвењево, со намалвење на маржава, немојш да не купвиш нешто. И пак парите ти останвет. Море алки, закачалки, ластици, мотуши, котуши. Шо ти не. Неможам да се донарадвам. Еф денес им зедов седум леба. Шо ќе јадет нек јадет шо не нек му фрлет на кучињата. Па чоек не е малку до вчера лебот беше 35 денари сега 34.9. Па полн ѓузден ти останвит само од лебот шо поевтина за друго да не прајме муабет.

Ете и то бидна кај нас да ни ги намалет цените, а нас да ни го кренет. Олку кренат стандарт ни сме имале ни ќе имаме. Аааа за то си имат задолжно луѓе шо ќе си контролирет кој како намалвит и дали намалвит цени. Како кој бе. Па овие од пазарна инспекција. Додуша до декмеври немат да бидат инспектори ќе бидет родители и старатели, а после то данк казни.

Е како родители и старатели. Па така шарено. Исто ко ќе давет некој филм и пред него ти викат: програмата мојт да го вознемирит гледачите до 12 + и потребен е надзор на родител или старател. Значи тие 3 месеци ќе надзирет после ќе казвет.

Абре ова не е потпрдалница држава е. Све си ојт според напраен план. А добро напраен план за некоја работа е пола завршена работа. Шо би се рекло ние сме полојна влезени во ЕУ, бар така јас го разбрав Орбан. Ние сакаме да влезиме уште само ЕУ да сакат да влезиме и влезени сме.

Чоекот кажа дека имал план и дека му го шепнал на Мицка и само тие двајцата си знает каков е планот да се убедит Бугарија да не не дупит како каубоецот коњот и да влезиме. А ние како народ кој ги ранит овие шо прает планој за наше добро можда ќе дознајме во новиот пост на Орбан на Фејсбук или друга социјална мрежа шо е планот.

Незнам. Само едно знам дека Мицко им рече уцени не прифаќат. И крај. Само дан се менит па после пак да бидит крива СДС. Овие пак од СДС се посраа од радвење шо не прешиша Албанија за преговите со ЕУ, санќим како партија битисвет во Могадишу, а не во Македонија.

З`ш само со јасен план без менвење на ставот или промрквење не бидвит ништо. Ете и Горданка си стојт на своето. Во предизборието рече дека од нејзина уста северна немат ни надзирнит а не камоли да излезит. Ама ето во НАТО од десет реченици пет пати нагласи дека нејзината држава е Република Северна Македонија. Си реков едно време дур изговарат северна дан држит шипак зад плештине, ама видов двете раце и беа на говорницата. Додуша едната и ја држеше Бајден. Е незнам. Ваљда ко сите дечиња од градинка ко ќе префлет улица за рачиња. Ваљда. Незнајт чоек шо да речит. Само едно знам. Шо не се прчело не се козит.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите