„Јас лично сум вклучен во овој процес и сакам да им порачам на сите граѓани дека струјата мора секаде да се плаќа“ – рече пусти министер Крешник и стана Грешник. Јас пак чуди се шо толку гужви по шалтериве на ЕВН. То народ нагрна од цело Слупчане и Арачиново пред ЕВН. Се носат пари со врешчи во трактори, секој се тепат кој прв да платит и то све ради една изјава на Бектеши.

Море исполеганти на шаторски крила, ќебиња, со сендвичи врака, еден од фамилијата чекат ред и ред се редат мале се менвет да не им избегат редот. Шо ќе беше ова брзо решавање на проблем неможам да се изначудам. Едно нешто само му замерив. Рече дека за сите шо ќе се решат да платат Министерството за економија решило да им помогнит. Чекај Крешко. Мирен. Не ми се мешај во штипки. Цел народ шо плаќат им помогвит така шо плаќат и за нив од век и веков, а сега ти ќе се натртиш да се прајш важен. Јок бре брате. Јас дури имам напраено и траен налог ради нив и сега не оставам друг да се прајт спасител. Јасно?

Јас ти се мешам? Не? И на Мицко не му се мешам да си го остварит својот животен сон за предвремените избори. Ќејф му е да ојт на избори и нека си барат. Е сега без мешање имам две забелешки: Брзи избори. Де бре Мицале кај ќе брзаме. Не не чекат ЕУ во прегратка. Ам избори не се избори ако не се натенане. Прво 40 дена онака кампањски, па да ветвите на рајат да не лажите, тро мадињава да ни ги тинтрате.

Да се осетиме важни значајни за ова држава. З`ш само тогаш не удирате од маслац. Полека да влезиме во филм дека без нас како народ немојт државава да битисвит на дунава. Па да лапниме некое пенкало, кој брашно, кој буковка пиперца, тефтер…..шо на кој му требит. Какви брзи.

Втора замерка: есен. Ар кај ти дојде да се наесен. Ам ти знајш народецов колку работа го чекат во есен и колку поважни работи имат да напрајат за да мојт зимата да преживејт како риба на суво. Тогаш сеидби имат, се жнејт, да му се сневидит. Не така? А ако имат избори шо мислиш кој ќе ни го напрајт македонскиот кавијар словенцине со бандерола шо го викет “Ајвар“. А? Па мешај на тава. Или уш поубо. Комшивката мешат на тава ти ја глеш од позади и ја замислуваш како играш со неа јамб, табла, ѓуздија, ластик и други работи шо му идат на ум на денешниот Македонец. Мирен зато. Ќе си одбериш негде кај ноември, тогаш само зелка за расол се редит и немат многу работа околу неа. Мада можно е и да не го прајме то з`ш и предвремени и навремени избори ја напраја и уште ќе ја прает нашава држава расол. Имаме за извоз.

Е ако на Мицале му кладов замерка на Таче неможам. Чоекот ја водит државава и сваког дана у сваком погледу све више се просерујемо. Јас се чудев з`ш од јуни некако све појќе и појќе бев расположен. Некако ништо не ме секираше. Почнав да се осеќам ко на ебамуја. Абре од јуни навака, во споредба со мај, сите некако почнав да ги сакам. Абре Амети почнав ко брат да го осеќам. Ко ти викам.

Абре све розево ми стана. Радој пешчански. То ти било резултат на намалување на инлфацијата дури за два проценти во однос на мај. Од 11.3 % на 9.3 %. Машалаааа. “ Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за севкупната македонска економија“ рече Таче, а ние се потпосравме.

И одма се осети на економијата. Само шо ова не го знајт ЕУРИБОР и ај нагоре каматите на кредитите, на лизингот. Цените погоре за овие 3 месеци за неколку пати поголеми од падот на инлфацијата. Ќе да ме потсеќат ова на времето на Др.Латас ко велеше дека Македонија то време имаше позитивна регресија???????

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите