Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче. А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите. Мицко ќе му даел само 5% повисока плата за разлика СДС шо им ги вети огромните 12%.
Слушај море то не е мачкина кашлица туку огромна разлика е. То му идат скоро 100 денари помалку месечно. А дал ти е јасно шо значит та разлика. Во шо сакаш изразија. Пример во бензин. Со 5% ќе туриш бензин и оп кај мини маркет ќе ти застанит. А со плус 100 денари ехеехеее дур до Охридска банка се втасвит. Ваљда.
Послем не е исто ти да земиш аналгин една лента со една и пол. Абе ги осакати Мицко. Со Филипчета ќе си живееа како бубрег во лој. Дури како и само во лој. Заебан тип ти е Филипче Венко. Сите шо имет по две имиња се зезнати типој.
А по опасни типој се пак оние шо го ифрлија балансерот за вработвење. Јас очеквев да се доградит да се унапредит, а Уставниот суд го скина. А шо му фалеше пак на балансерот. Покрај национална припаност можеа да клает и други услови за предност во вработвењето на квалитетен и стручен кадар. На пример секој вработен со балансерот да ја чешлат косата налево. Така би добиле лево зачашлано стручно лице.
Со балансерот примените стручни лица да немет право да седет во една иста кафана појќе од пола сат. Друго…..да не смеат да пијат алкохол при посета на кафаните з`ш на работно место то не е дозволено. Или пак да им се забранит да гледет телевизија од блиску. Значи и онака голем дел од овие стручни лица не одеа на работно место па зато да им се дает било какви обврски да не испаднит дека само се шутарат по улици.
Во балансерот како услов да се клајт и државјанството. Т.е. пасошот. Посебно оние со бугарски пасош. Ако се напрајт ова јас сум сигурен дека немат да останит невработен во државава. Е овој услов не дозволвит дискриминација при вработвењето. З`ш во држвава ретко кој да немат б`лгарски пасапорт. И тие шо останаа без таков пасош ќе имет за брзо. Ќе ја поткренет стручноста при вработевењето.
Како и да е паметно да работиме. Арно ама како шо рече д-р Славица Арсова, директорка на Клиниката за психијатрија на одбележвање на 10 Октомври, Светскиот ден на менталното здравје, не смејме да прегориме на работното место. З`ш македонците сме ептем работен народ. Ко кртој сме. Доста се скинвиме од работа сега пак да сме прегореле. Ич. Требит да се пазиме, да не претервиме.
Јас не вервам дека некој си бегат предвреме од наработа. А обратно. Многу останвиме после работното време. Сигурно над неколкунаесет проценти сме такви. А то е добро за државата. Па рече да си помогвиме како колеги и само насмеани да сме. Пример на паузата за доручек шо трајт сат и пол два, ако видиш некој колега, посебно колешка дека ојт на пазар одма раскези се и трк по неа. Ич малку доста е да ѝ го носиш празот или врешчата со пиперки за ајвар до на работа. Не така? А и да се случит да прегориме одма ќе ја смениме сијалицата и поубо ќе светиме на работа.
Мада со моменталнава преданост како работници не вервам дека ќе прегориме. Ај ти. Си се чуваме ние.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите