Брете Агуш рсни и не престанви една недела ак требит. Абре знаев дек ќе ни тргнит. Знаев. Алооооо 18 000 денари минималецот. Ам со ваква сума шо потреба да се работит кизнајт шо. Доста е море со минималец. Сега слободно мојш да си купиш за сите пари и ф`стаци и бадеми. Ќе си поделиш со брат ти. Два за тебе два за него.

Туку дај Агуш дур прајт атмосфера да се договориме убо. Прво и прво слаб ни е капацитеот со двава аеродроми шо ги имаме. Прво мораме на двава постојни да изградиме уште по 4-5 писти. После то да видиме од овие спортскиве или за стопанска авијација целосно да ги реконструираме и оспособиме бар Ербас А380 да слетвит ако не и поголем. Ко ќе го напрает. Овај во Логоварди е најпогоден одма да се фатит, Аџи Тепе кумановско и Мало Коњари прилепско. И одма да се напрајт све ова. Петок да почниме понеделник да слетат првиот авион.

Морат да сме спремни. Знаев дек ќе ни тргнит. Првата наезда ќе ни бидат од иселениците во Австралија. Ко разбраа за 18-кава одма ги наполнија агенцииве со резервации за карти. Абе пола од околу 200 000 да дојдет мозоков ќе ни зовриет. Нарачви ХотХот куќи, згради или таман да купиме цели олимписки села чим завршит олимпијадава. Ам ќе си се вратет море овде. Не се будали таму по 14 сати кокошки да кубет во некој батал фабрики.

Ти реков ќе ни тррнит. Свири ти брате. Еве прикрај сме и со проблемите со бугариве. Слушај сега слушај шо трасна Ѓоргиев:“ Имало бугурска окупација или инвазија, но не фашистичка“. Појасно амин. Како ам. Е ај да те прашам вака. Секоја година скопјанишчана ни прает и инвазија и окупација, ни се онадет во езероно и сега фашисти се или не. Немој така. Окупатори да. Фашисти не. Додуша скопјанишчана се. Оние шо ги окупирвет јавнине куќи дупачи се или фашисти? Ај ти се молам. Еднуш за секош требит некој да ни ги отворит очите. Па бугарот ни е брат бре, море побратим, ни стана и љубави, а ние….Алал да му е на Дарета. Историчар на место. Паметен. Знаев дек…..

А како да не ни тргнит ко имаме чоек како Даим Лучи. Кандидатот за заменик за култура во НСРСМ. Чоекот покрај најлесните „Windows“, „Microsoft Word“, „Power Point“ и „Excel“ , се измачил и научил да сурфат на “Google Chrome“, “Opera“ и “Firefox“. А?А?А? Гарант знајт ама не знајт дека знајт да сурфат и на “Pornhub“, “Pornmate“ “XXXHamster“ и што ли уште не. Уште “CorelDRAW“ да научит топ не не бијат.

Е со ваков комјутерџија не само шо ќе процутиме, ќе се европеизираме, туку ќе рсниме во невиден напредок, ќе се катапултираме ќе ја пробиме стратосферата и сите други сфери и на месечина ќе се качиме.

Абре знаев, знаев дек….

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите