Чек чек…..жити леб почекај малку. Ќе ти докажам, само да средам….Ај гитла од тука моме. Абре прашта. Ој ти стопирај и нуди се кај Бајро Битола. Чекај грчки муштерии. Абре како з`ш ја бркам. Овде Стево утре ќе го стопират Румена и пичат. Заедно ќе штрафтет во Рим. Шојмат ова да му сметат. Абре знајш шо мака видовме да средиме Стево да се возит со Руменче? И сега некојси да ја сјебит работава?

Стево овде ќе стопират и крај. Види вака…..цела работа ја наткрена Роналдо. Кики по потекло по зет за две сестри од прва брачеда е од Ботун. А и тате е од Ботун. Се сети тате дека со сваќа на баба му на тетин од зет за стрина на вујко на дедо му на Кристијано една бранејнца делеле со ниви со ченкарушки и Сатеска ја пренасочвеле за вадење зедно.

Е сега. Зајко како успешен политичар, премиер, да не ти се вервит, го разбра ова и татета го кандиса. Му вети дека ќе му кренит пензија за пола цели 0.3 % за време од 12 години и овај се упеца. Му се јави на Кики, овај на Аугестета, премиерот на Португалија, кој пак е Белчишки зет и тргна работана. И сега никокоја, некосји со сомнително однесување да стопират авиони на Водно па Руменчето да ја (го) зејт наместо Стевета и да ја сјебат работата. Водно ам каде. Највисоко е за стопирање.

Абре море да не беше тате, да не беше Ботун стап ќе ги притисневме бугариве, стап НСРСМ ќе влезеше во ЕУ. Ботунчани му плакаја мајката, го опраја Хитлера, а не да ја пикнат држвава во Европска Унија? Само на Зајка не му текна да го фатит татета до сега. Е сега…..тате ја заврши работата и све е во рацете на Стевета. Во рацете од прајминистеров наш е тате, а во рацете од Стева е влезот во ЕУ….

Зато мирен. Све си е то со план. Смислен убо и анализирано поубо. Носење на важни одлуки како круцијална каписла за лансирање кун ЕУ или како шо велат дебрчани: се движиме вуспич прав прав пругоре кун ЕУ. Еве земи за пример изборот на Ваља од Божина и брат Керим за советници на Бујарчета. За Керимче на би те давел. Се викат Срѓан се презиват Керим. Ел фати му го крајот. Мојш да сумиш камелеон кај ќе се напикат? Стап мојш.

Ама за Ваља све јасно, испитано, проверено од страна на Владата на НСРСМ и анализирано и требит да се дајт поддршка за ова одлука. Ако сакаме да ојме напред. А ако сакаме да ојме назад ќе се сетиме дека Валентинчето во 2016-та рече: “….. или на лудилото на последниот македонски предавник Зоран Заев….“ и сега влегвит во владата и дека рече: “….ура браќа и сестри да тргниме кој е ќе ни е цар, а кој шпиун. Шпиунот го знам. Заев…..“. Рече Ваља и влезе во владата на НСРСМ која ја водит…….Ајме моме истреби се реков тука да не стопираш!

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите