Многуте навивачи на Реал Мадрид се израдуваа после големата победа на нивниот миленик над Барселона на Ноу Камп. Доста од тие навивачи радоста ја споделија на социјалната мрежа “Фејсбук“ со нивните пријатели, а дел од нив и развија дебати за тоа кој е подобар Роналдо или Меси.

Поздрав до сите фанови на Реал Мадрид, Барса е декласирана. Еден е кралски клуб !

Кралски танц на Ноу Камп.

Неутралните љубетили на фудбалот, поразот и елиминацијата на Барселона ја искористија за шеги на сметка на Лионел Меси и тимот од Ноу Камп.

Барселона од врска со УЕФА премина во сингл откако не им помогна да го совлада Реал Мадрид.

Што прави Барселона на Ноу Камп ? Пие нескафе три во едно.

Каде беше Меси, зошто не играше против Реал Мадрид !?

Нова средба Реал Мадрид и Барселона ќе имаа за четири дена в сабота во Примера Дивизион. До тогаш Меси и останатите играчи од “блауграната“ заедно со повремениот тренер Роура ќе мораат да ја пронајдат грешката направена на Ноу Камп.

Мх.П.