Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров на уникатен начин ја одбележаа годишнината од освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони. Пред точно 18 години, „кометалки“ го совладаа составот на Херц во финалето (26-22) иа ја освоија титулата. Тој успех се уште не е повторен, ниту надминат во женскиот ракомет.

Во линковското пеење на популарната химна на Кометал ЃП се вклучија речиси сите ракометарки и спонзорот Трифун Костовски. Ракометарките ја пееаја песната „Кометал Шампионе“ од Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.

OhridNews