Актуелниот првак во Лигата на Шампиони, Челси, португалската Бенфика, швајцарскиот Базел и Фенербахче се патници во полуфиналето во Лигата на Европа.


Најголемото изненадување во 1/4 финалето во Лигата на Европа го приреди Базел, кој преку пенал рулетот го елиминираше англискиот премиерлигаш Тотенхем со 4-1 откако регуларниот дел и продолженијата завршија 2-2.

Челси на гостувањето во Русија претрпе пораз од Рубин Казан 3-2, но победата од Стемфорд Бриџ 3-1 се покажа пресудна за пласманот во полуфиналето.

Фенербахче и Бенфика идентично ремизираа на реванш натпреварите во Лигата на Европа 1-1 против Лацио односно Њукасл и ја одбранија предноста од првиот натпревар.

Ждрепката за полуфиналните натпреварите во Лигата на Европа е в петок во 13 часот по извлекувањето на паровите во Лигата на Шампиони.

Мх.П.