Екипата на Фулам на “Кревен Котиџ“ го совлада Њукасл со 2-1 и го комплетираше “лудото“ 16-то коло од Премиер лигата кое ќе остане запеметено по драматичните победи на Манчестер Јунајтед, Евертон и Ливерпул.

Фулам поведе во 19-та минута со 1-0 со голот на Сидвел. “Страчките“ го изедначија резултатот преку Бен Арфа во 54-та додека победничкиот погодок за домаќините го постигна Родалега во 64-та минута.

Со трите бода Фулам стигна до 20 бодови во Премиер лигата се зацврсти на 13-та позиција наспроти Њукалс кој има 17 бодови и се наоѓа едно место подолу.

Мх.П.