Шест натпревари се на програмата попладнево во рамки на 27 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во кое дербито се игра во Скопје меѓу Македонија ЃП и Брегалница.
Лидерот Шкупи го пречекува Борец на домашен терен, додека второпласираната Шкендија во соседското дерби е домаќин на Ренова.

Табела: Шкупи 62, Шкендија 51, Македонија ЃП 49 Академија Пандев 49, Ренова 37, Брегалница 37, Работнички 34, Струга 33, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10.
OhridNews











