Деновиве екипите на јавното претпријатие  „Охридски Комуналец“ ги интензивираа подготовките за подобро функционирање на сите своите служби во зимски услови, согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег во периодот кој претстои.

Екипирани се дежурните служби кои се на располагање 24 часа, дефинирани се приоритетните улици и подрачја на делување, дефинирана е специјалната механизација и абразивни средства.“ – информираат од ЈП „Охридски Комунлец“.

Оттаму напоменуваат дека обезбедени се доволни количини за расчистување на јавно-прометните површини на целата територија на општина Охрид, додека на повеќе пунктови во стариот дел на градот се депонирани 50 вреќи сол, а поради специфичноста на теренот пристапните патеки и степеници ќе се чистат рачно.

OhridNews