Од завчера службите на јавното претпријатие „Охридски комуналец “ работат на отстранувањето на снегот по улиците.

Се отстрануваше наталожениот снег од улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“, „Македонски Просветители“, „7 Ноември“ и „Питу Гули“.

Вчера работниците со расположливата механизација го чистеа снегот и од охридската чаршија, поточно од плоштадот „Чинар“, а нашата екипа ги забележа и на крстосницата кај филијалата на „Охридска банка“.

Ohridnews