Според подготвена програма, ЈП „ Охридски комуналец“ ќе се грижи за јавната хигиена на охридското крајбрежје, на плажите кои не се издадени под закуп. Од почетокот на месецот, еден извршител е одговорен за чистење на плажите на потегот од населбата Лагадин до автокампот Елешец, секојдневно во периодот од 5 до 11 часот.
Во исто време се расчистува и потегот од крајбрежјето кај Пештани, а плажата кај Грашница се расчистува еднаш до два пати неделно, во зависнот од можностите и потребите.
– Единствен проблем претставуваат плажите на потегот од Пештани до автокампот Љубаништа, бидејќи поголемиот дел од нив имаат пристап единствено по воден пат и останува на совеста на гостите кои ги користат, да не оставаат комунален отпад по нивното заминување од езерскиот брег, велат од јавното претпријатие.
OhridNews












