Државниот инспектор за животна средина му израче казна на ЈП „Охридски Комуналец“ во висина од 2000 евра, и 400 евра на раководителот на јавното претпријатие за неправилно управување  со депонијата  „Буково“.

Директорот на „Комуналец“, Сашо Алче, на прес конференција денеска постапката на државниот инспектор ја оцени како тенденциозна и обвини дека таа претставува обид за уривање на неговиот и угледот на јавното претпријатие, во што, според него, прсти има замешано и политиката. Алче најави дека „Комиуналец’ ќе ги искористи сите легални средства да ја истера правдата во случајот, за кој било запознаено Министерството за животна средина, а не се исклучува можноста да биде поднесена и кривична пријава против инспекторатот.

Од Државниот инспекторат за животна средина ги отфрлаат обвинувањата на директорот на „Комуналец“ и велат дека јавното претпријатие претходно на неколку пати било опоменувано пред да му биде изречена парична казна.

Ohridnews