Слабата наплата на нивните услуги, несоодветниот однос на властите на сите нивоа кон важноста на нивната дејност и односот на крајните потрошувачи се главните причини за слабата кондиција во која се наоѓаат повеќето од јавните комунални и претријатија за водоснабдување во земјата. Тоа е оценка на претставниците на јавните претпријатија на Првото годишно собрание на Асоцијацијата на даватели на комунални претпријатија – АДКОМ, што се одржува во Охрид.


Дека и самите граѓани не се свесни за негативните последици од нивната неажурност при плаќањето на сметките за комунални услуги и вода, покажуваат резултатите од анкетите спроведени во некои општини, според кои само 0,2 отсто од потрошувачите по приоритет прво ги подмируваат сметките за потрошена вода, иако дури 94 проценти од нив водата ја сметаат за најважен животен ресурс.


На собранието ќе се расправа за начините како да се подобри работата на претпријатијата од јавен интерес и приоритетите на активностите на здружението, а ќе се дискутира и околу предлогот за формирање посебно регулаторно тело што би ја утврдувало цената на услугите на тие претпријатија.

Ohridnews