Во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ целовечерен концерт вечерва ќе одржат рускиот виолончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева. Концертот ќе започне во 21 часот во црквата „Света Софија“.

Камерниот музичар Кирил Родин членува во триото „Брамс“ и во ансамблот „Пјацола студио“.Неговите бројни снимени материјали вклучуваат дела од Бах, Бетовен, Хајдн, Григ, Паганини како и од руските композитори: Рахмањинов, Аренски, Римски-Корсаков, Шостакович и други.

 

Пијанистката Жени Захариева е присутна на светските концертни сцени повеќе од 60 години. Кариерата ја води во бројни концертни сали во Европа, САД, Азија и Африка.Настапувала со голем број светски оркестри и диригенти меѓу кои: оркестрите во Хаг, Амстердам, Лиеж, Москва, Сингапур, Софија и многу други под диригентската палка на: Вероника Дударова, Томас Зандерлинг, Инго Мецмахер и бројни други бугарски и  странски уметници. Нејзините изведби се снимени на повеќе носачи на звук за компаниите “Carousel” – Лондон, „EMS“ – Брисел, „AVM Classics“ – Лондон, „Veton“ – Ротердам, „Gema“ – Берлин, „Heritage Society“ – САД и „Балкантон“ – Софија.

 

 

 

OhridNews