Групата „Сејјах” ќе одржи концерт утре, 10 јуни, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Концертот е во организација на Институт Јунус Емре од Скопје.
Спојувајќи ги богатите звуци на турската музичка традиција со современиот музички израз, ансамблот ќе ја поведе публиката низ едно несекојдневно музичко патување исполнето со емоции, ритам и културна размена, поврзувајќи ги различните култури и народи, велат организаторите.
Концертот ќе започне во 20:00 часот, а влезот за посетителите е слободен.
OhridNews













