Во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј по 12-ти пат традиционално ќе се одржи концерт во црквата „Св. Софија“ на кој ќе настапат ученици од ОМУ „Методи Патче“ под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова. На крајот од програмата ќе настапи пијанистката Викторија Митеска-Малезан.

Во рамки на вечерта ќе бидат изведени дела од композиторите Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, Ф. Шопен, Р. Шуман, Х. Виењавски и други.

Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев.

Концертот е поддржан од Дебарско-кичевската епархија, Министерство за култура и туризам, Општина Охрид и НУ Охридско Лето.

Истиот ќе започне 19 часот, а влезот е слободен.

OhridNews

 фото. Славчо Малезан