Овој четврток, 11 јули, љубителите на џез музиката, ќе можат да уживаат во концертот на џез квинтетот Next To Silence во џез клубот Џез Ин.
Next to Silence е бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но толку многу уживаше во ваквата авантура што продолжи со создавање и своја музика. Нивниот албум ‘…’, издаден за Скопскиот џез фестивал, отелотворува разни звучни стории и го раскажува она што најубаво се говори без зборови. Иако името Next to Silence потекнува од реченица во џез магазин која ја објаснува музиката како „најубавиот звук покрај тишината“, сепак музиката на Next to Silence не е ниту најубав звук, ниту тишина. Тaа е нешто помеѓу. Музиката на овој бенд би можела да биде повикување на различни приказни или звучен пејзаж лишен од значење… искуство што може да ве доведе до тишина…
Џез квинтетот Next To Silence го сочинуваат Кирил Кузманов – саксофон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас гитара и Гоце Наумов – тапани.
Концертот во четврток почнува во 22:00 часот, а карти може да се резервираат на телефонскиот број 078/201-491.
Во продолжение погледнете го видеото за нивниот најнов сингл “Tsunami” кој е сниман на археолошкииот локалитет “Залив на коските” кај Градиште.
Форумот на словенските култури, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, организира меѓународна работилница под наслов „Заштита и промоција на културното насле...
Вкупно 136305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година кои оствариле 264370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика Во септември 2026 година, од вкупниот...
Регионални експерти, претставници на владините институции, шумарските институции, општините, академската заедница, граѓанското општество, развојните партнери и бизнисите поврзани со шумарството од ...