Jazz Inn

Од 17.07.2026 - 22:00 до 18.07.2026 - 01:00

Љубителите на џез музиката ќе имаат шанса уште еднаш да ги слушаат во живо “Next To Silence” кои со својот претпознатлив стил и уникатен пристап кон џезот, станаа миленици не само на македонската, туку и светската публика.

Ќе биде отсвирана музика, која бендот неодамна ја сними во студиото “Алшар”, а ќе се најде на нивниот следен, трет по ред албум.

“Next To Silence” го сочинуваат: Кирил Кузманов на саксофон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски на клавијатури, Драган Стојковски – бас гитара и Гоце Наумов на тапани.

Концертот ќе се одржи во петок, 17 јули, во Џез Ин со почеток од 22:00 часот.

OhridNews

фото. Маја Аргакиева