Концерт на полскиот џез квартет „Џума“ во Џез Ин во рамки на Џез Фактори Фестивалот
16.04.26 10:11
Jazz Inn
Од 19.04.2026 - 22:00 до 19.04.2026 - 00:00
Во рамки на Jazz Factory Festival кој оваа година се одржува по деветти пат во неколку македонски градови, охридскиот клуб Џез Ин ќе биде домаќин на полскиот џез квартет „Џума”.
„Џума” доаѓаат од Гдајнск и носат свежа перспектива на современиот џез преку препознатлива мешавина од локални влијанија и северноевропски звучни пејсажи. Основан од саксофонистот Максимилијан Вилк, кој моментално студира на Музичката академија во Гдајнск, „Џума” го претставува новиот бран на младата џез сцена во Полска – енергичен, истражувачки и длабоко вкоренет во уметничката соработка.
Квартетот изведува модерен, современ џез со исклучиво оригинални композиции, презентирајчи музика од нивниот деби албум „Фузје Тројмијаста” (“Tricity Fusiond”). Нивниот звук е обележан со автентичност, длабочина и креативна енергија – човечка нота на карактер и израз што ги позиционира како еден од најперспективните нови гласови во полскиот џез.
Концертот е во недела, на 19 април 2026. Сите информации околу резервација на карти може да се добијат на телефонскиот број 078/201-491.
Форумот на словенските култури, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, организира меѓународна работилница под наслов „Заштита и промоција на културното насле...
Вкупно 136305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година кои оствариле 264370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика Во септември 2026 година, од вкупниот...
Регионални експерти, претставници на владините институции, шумарските институции, општините, академската заедница, граѓанското општество, развојните партнери и бизнисите поврзани со шумарството од ...