Тазе набилдани од неодамнешната Источно Балканска турнеја, “Такси Консилиум” по три години се враќаат повторно пред охридската публика.

„Taxi Consilium” црпат инспирација од таксистите кои се сведоци на секој обичен и извонреден детаљ од полноќното Скопје, а ја опишуваат својата музика како „слободен џез слушнат низ скршен прозорец на такси во 3:17 часот наутро.

Откако објавија три албуми од 2021 година, делата на групата беа претставени на Free Jazz Blog и во изборот „најдобри џез албуми на месецот“ на Bandcamp, а бендот одржа бројни концерти дома и во странство. Наградата „Најдобар млад џез музичар на годината“, која ја доделува годишно Скопскиот џез фестивал, им беше доделена на членовите на „Taxi Consilium” во 2019, 2021 и 2023 година.

Бендот го сочинуваат:

ФИЛИП БУКРШЛИЕВ гитара
БЛАГОЈЧЕ ТОМЕВСКИ бас кларинет, bb кларинет
АНДРЕА МИРЧЕСКА контрабас и
ДРАГАН ТЕОДОСИЕВ тапани

Концертот е денес, 17 јуни во Џез Ин со почеток во 22:00 часот. Резервација на карти на тел. 078/201-491.

OhridNews