Топлото време, викендов,  охриѓани и гостите го искористија за рекреација и разладување во Охридското Езеро. Капачи ги запоседнаа и парковите на градскиот кеј, кој ова лето наликува на голема плажа. 

Во Охрид денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, и со слаб до умерен северен ветер. Макесималната дневна температура ќе достигне до 32 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.

Сончево и топло време ќе преовладува и во наредните денови. Максималната температура ќе биде во пораст и во четврток на места ќе достигне до +40 степени.

OhridNews