Младински Центар Охрид

Од 29.11.2023 - 10:00 до 29.11.2023 - 16:00

Конференција за младинско претприемништво „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ ќе се одржи во среда, 29 ноември, во организација на Младински Центар Охрид (МЦО).

Конференција е посветена на младинската вработеност, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво и претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење, велат од Младински Центар Охрид.

Конференција се состои од 3 дела, и тоа панел дискусија, на која говорници ќе бидат Бојан Кордалов, комуниколог (модератор на панелот), Aлмир Рахимоски, менаџер на операции The Perfect RIA, Емилија Колоска, директор на маркетинг, Vinbee Natural Honey и Јаков Јовановски, проектен менаџер, Startup Macedonia.

Вториот дел е младински круг на тема „Претприемништво и вработување на млади“ каде ќе говорат Иво Ристески, младински работник во МЦО и Ангела Митеска, младински работник во МЦО.

Дискутирање за предизвиците и можностите за вработување на младите, промовирање на претприемништвото и истражување на стратегии за поттикнување на претприемачкиот начин на размислување кај младите, информираат од МЦО.

Третиот дел е работилница за развивање бизнис идеја со проф. Војо Илоски.

Конференцијата ќе се одржи во периодот од 10 до 16 часот во просториите на Младински Центар Охрид.

OhridNews