По повод Денот на Екологијата, 5 Јуни, Женски Центар „Бисера“, објавува конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град, во пресрет на туристичката сезона.

Конкурсот ќе трае до 4 Јуни. Сите заинтересирани граѓани своето учество можат да го пријават на тел. 077/911-012

OhridNews