НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за најдобра новогодишна и божикна порака во пресрет на Новата Година.
Со желби за дружба со книгите и во наредната 2022 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид објавува Конкурс за најдобра Новогодишна или Божикна порака инспирирана од светот на книгите. Тројца учесници ќе бидат наградени со книги од продукција на Библиотеката и од донации, велат од Библиотеката.
Конкурсот е отворен од денес (27 Декември) до 9 Јануари 2022 година. Учесниците треба да ја испратат пораката на електронската пошта: [email protected] или да ја постават на фејсбук страната на Библиотеката.
OhridNews












