Консултативен состанок за нацрт Студијата за валоризација на Белчишко Блато (Сини Вирој) ќе се одржи во Општина Дебрца на 9 март (среда) 2022 г. со почеток во 10.30 часот.
На состанокот воведно обраќање, Ѓоко Зороски од Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, градоначалник на Општина Дебрца Зоран Ногачески, по што е предвидена презентацијата на нацрт Студијата за валоризација, од страна на консултантот Даниел Богнер и Зороски.
Од Општина Дебрца ги покануваат сите кои сакаат да ги споделат своите мислења да присуствуваат на истиот.
Во декември, минатата година, беше одржана работилница посветена на Нацрт Студијата односно зонирањето на Белчишкото Блато во Општина Дебрца на тема „Бенефити од Белчишкото Блато како заштитено подрачје и можности за еколошка валоризација”, што беше оценето како преземање на првиот чекор кон постапката за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје.
OhridNews












