Во една од највозбудливите градски пресметки во Милано последниве сезониа, Интер со пресврт во второто полувреме го совлада Милан со 4-2 (0-2) и му се придружи на Јувентус на чело од табелата во Серија А. Милан со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ поведе со 2-0, додека „нероазурите“ мечот го свртија со погодоците Брозовиќ, Весино, Де Вриј и Лукаку.

Посебна ноќ за сите. Во многу тешка ситуацијата се најдовме после првиот дел, можеби во најтешка оваа сезона. Постоеше ризик да претрпиме убедлив пораз. Но место пораз, успеавме да се вратиме во игра и да победиме на начин каков што требаше. Фудбалерите веруваа и заслужуваат честитки. Освен резултатот, среќен сум што фудбалерите се покажаа како силни момчиња во тешка ситуација и победија. – изјави тренерот на Интер, Антонио Конте.

Интер со победата во дербито дополнително ја вжешти трката за титулата со Јувентус, но тука е и Лацио кој има само бо помалку од водечкиот тандем.

OhridNews

Неверојатно дерби во Милано: Фантастичен пресврт на Интер за триумф против Милан (видео)