– Како фудбалер играв на многу стадиони ширум Европа, но вакви навивачи сеуште не сум сретнал. Иако постигнавме погодок Селтик леташе по теренот и не одстапуваа од напаѓачката тактика. Успеавме да се одбраниме и во финишот на мечот со два погодоци го скршивме противникот и обезбедивме мирен реванш – потенцираше Конте.
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Антони Конте рече дека на мечот на Селтик парк беше тешко да се работи бидејќи од големата бучавост фудбалерите не ги слушаше неговите совети.
– Не е лесно да се игра во таква атмосфера. Јас неможев да комуницирам со моите фудбалери бидејќи домашните фанови беа премногу гласни. На секој корнер или некоја посериозна прилика за погодок на Селтик мислев дека стадионот ќе се сруши. “Келтите“ заслужуваат чиста десетка, а исто така и моите фудбалери – заврши Конте.