Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, активно ќе се вклучи во кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за поголема заштита на пешаците во сообраќајот „Без изговори-без оправдувања“.

За таа цел, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Секторот за внатрешни работи Охрид ќе реализира различни активности од едукативен и превентивен карактер со цел подигнување на јавната свест, насочени пред се кај возачите на моторни возила за поголема внимателност кон пешаците како ранлива категорија учесници во сообраќајот. – информира Стефан Димовски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Охрид.

Целта на кампањата е и да се влијае кон поголема внимателност, одговорност и на степенот на сообраќајната култура кај пешаците и нивно подоследно почитување на сообраќајните правила за безбедно учество во сообраќајот но и севкупно подобрување на сообраќајната безбедност во градот.

Предвидените активности ќе започнат на 07.12.2018 година во 11 часот со поставување контролен сообраќаен пункт на пофрекфентните сообраќајници во Охрид и делење на едукативен материјал од полициските службеници и претставници на советот за безбедност во сообраќајот.

OhridNews