Почна обуката на контролорите во спроведувањето на теренската проверка на сомнителните записи во Избирачкиот список. Се работи за 80-тина вработени во подрачните одделенија на ДИК, кои потоа ќе треба да ги обучат 374-те непосредни анкетари. Се очекува теренската проверка да почне во сабота, а до тогаш да се финализира списокот на сомнителни гласачи распоредени по општини и по основата заради која се проверуваат.

Синоќа, ДИК констатираше дека е потребна дополнителна проверка на 188.820 гласачи. Од нив, теренски ќе се проверуваат 89.383 граѓани, а останатите ќе се проверуваат административно. ДИК констатираше и 6.795 пријави на погрешни записи од граѓани. Од нив, дел ќе бидат административно проверени, додека 6.018 записи ќе бидат предмет на обработка и вкрстена анализа од страна на ангажираните експерти за информатичка технологија.

OhridNews
извор Телма