Италијанецот Паоло ди Канио, кој во фудбалскиот свет е познат по многуте скандали во и надвор од теренот се враќа во Премиер лигата, а ќе го предоводи Сандерленд до крајот на сезоната.


Управата на “Црните мачки“ по минималниот пораз од лидерот во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се ослободи од Мартин О’нил.

По серијата порази Сандерленд се најде во незавидна позиција и има само еден бод предност пред екипата на Астон Вила, која се наоѓа на последното место кое води во втората англиска лига.

Мх.П.