Со настап на популарниот потругалски пејач на автентичниот музички стил “Фадо” – Марио Моита од Евора, Португалија, вечерва, на Античкиоот театар продолжува единаесетотто издание на „Balkan Music Square 2012“.
Веднаш по него свој целовечерен концерт ќе одржи големата македонска фолк ѕвезда – Миле Кузмановски придружуван од тамбурашкиот оркестар ГЕЗМЕ од Куманово, а како гостин на вечерта ќе се појави и популарниот поп пеач Ламбе Алабакоски.
Организатор на фестивалот е  продуцентската куќа “Трето Уво”. 
Концертите започнуваат во 21.30 часот, а влезот е бесплатен.
OhridNews