Под мотото „Нова ера“ на конвенција што вечерва се одржува во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ги презентира кандидатите за градоначалници и програмата за претстојните локални избори.

Пред присутните се обрати лидерот на партијата Никола Груевски кој најави дека започнува ново движење и нова ера во делувањето на партијата.

-ВМРО ДПМНЕ беше и народна и конзервативна партија и ќе ги задржи овое атрибути. Но денес сметаме дека треба да се обратиме до граѓаните кои ги делат овие вредности и да се легитимираме како граѓанска десница. Граѓанската десница е отворена куќа во која секој може да влезе, а приоритет е граѓанинот и државата. – рече Груевски.

Генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски им се обрати на кандидатите за градоначалници и советници, упатувајќи порака дека претстојните локални избори се од исклучително значење.

-Почитувани кандидати за градоначалници, сонот на оваа генерација политичари е да ја видат својата татковина економски силна и просперитетна, НАТО и ЕУ интегрирана. Заедно со сите активисти во Месните штабови во Општинските комитети, заедно со сите поддржувачи од коалиционите партнери, на 15. октомври ќе славиме, ќе славиме така силно, што нема да знаат што ги снашло. А на 16. бараме предвремени парламентарни избори. Да работиме чесно и одговорно за партијата, за државата. – порача Мицкоски.

OhridNews