Тлото во охридскиот регион и понатаму се тресе, граѓаните се вознемирени, се бројат штетите на објектите од над илјадата земјотреси колку што се регистрирани во изминатите осумнаесет денови во Охрид.

Денеска во Скопје се одржува состанок на националното координативно тело за справување со кризи, а во Охрид редовно заседава општинскиот кризен штаб. Средбите имаат за цел координација на сите релевантни чинители во насока на согледување на актуелната состојба во Охрид и договарање на мерки кои евентуално треба да се преземат во одредени ситуации.

На терен се и екипи на Институтот за земјотресно инженерство кои вршат увид на оштетените објекти и јавни институции во Охрид, Сеизмолошката опсерваторија со специјална опрема ги мери потресите во епицентарот на земјотресите кај селото Косел.

OhridNews