14-пласираниот Корзо во зимскиот преоден рок се засили со корпулетниот напаѓач Благојче Гешоски, поранешниот фудбалер на Охрид, Никола Маркоски, фудбалерот на Беласица, Лиманов и Мижоров од тимот на Миравци.
Со овие четири засилување “жолтите“ ќе имаат респектабилен состав, кој може да обезбеди опстанок во Втората лига. По првата полусезона Корзо има девет бодови, три помалку од тринаесетопласираниот Охрид.