Македонската фудбалска репрезентација, вечерва, со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во полуфиналето од плејофот за пласман Европското првенство силите ќе ги одмери со селекцијата на Косово.

Влогот во вечерашниот натпревар е многу голем. Македонија со победа ќе се најде на чекор од остварување на фудбалскиот сон, пласман на Европско првенство. „Црвено жолтите“ најавуваат борба и се од себе за победа и прогрес во финалето.

Хендикеп за двете селекции ќе бидат празните трибини на Националната арена, поради кризата предизвикана од вирусот ковид -19. ФФМ побара дозвола за присуство на трибините, но во Македонија се уште важат забраните за публика на спортските настани.

Натпреварот се игра во 20:45 часот, а делител на правдата ќе биде холанскиот судија Дени Меккелие.

OhridNews