Селекцијата на Косово и натпревар на гостински терен во финалето и стојат на македонската фудбалска репрезентација на патот од историски пласман на Европското првенство.

 

На „црвено жолтите“ не ги посака среќа и релативно полесен пат до билет за ЕП. Македонија ако го победи Косово во полуфиналето во меч кој би требало да се игра во Скопје или Струмица резервна варијанта ќе се пласира во финалето и на гостински терен ќе се сретне со подобриот од Грузија – Белорусија.

Ждеребката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари. – изјави селекторот Игор Ангелоски.

Мечевите од полуфиналните пресметки на четирите завршни турнири од Лигата на Нации се играат на 26 март а финалните на 31 март. Европското првенство во 12 градови ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули следната година.

Распоред:

Лига А: 

Исланд – Романија

Бугарија – Унгарија

Лига Б
Босна и Херцеговина – Северна Ирска

Словачка – Република Ирска

Лига Ц

Норвешка – Србија

Израел – Шкотска

Лига Д

Грузија – Белорусија

Македонија – Косово

OhridNews