Косово ја крена рампата за македонските производи, со што прекина и блокадата на косовската граница од македонска страна и наплатата на влезна такса за косовските државјани и возила во Македонија, јавува „Телма“.

Од ноќеска на полноќ македонските производи повторно може да се извезуваат на косовскиот пазар, а премините Јажинце и Блаце се слободни за сообраќање. Таму имаше петдневна блокада што ја поставија македонските превозници од „Макамтранс“ во знак на револт од ембаргото од косовската страна.