Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска посочи дека заедно со директорот на Управата за заштита на културното наследство ќе продолжат да работат во насока на задржување на статусот, но и на унапредување на добрата што ги имаме, за да имаме што е можно повеќе добра впишани на листата на УНЕСКО, но како што рече, потребна е поголема соработка со локалната власт.

Посочи оти не може да ја заврши целата работа сама, потребна е многу голема соработка и многу големо разбирање.
Соработката со локалната власт е секогаш предизвик. Додека ние реагиравме како Комисија на неколку одлуки на двете најзасегнати општини Охрид и Струга, тие како да останаа глуви на нашите барања да не донесуваат одлуки на ниво на Совет, кои што се штетни и се косат со начелата на УНЕСКО. Не треба да се менува одреден статус на одредени објекти на ниво на општина, само за нешто што не е во интерес на Општината и на државата, рече Костадиновска Стојчевска.
OhridNews










