Костоски:Несогласувањата во Владата ги остави вработените во Н.П. Галичица без плата
11.03.11 15:25
– Неажурноста на Владата на Р.Македонија во неназначувањето на нови членови во Управниот Одбор , е причина поради која вработените во Националниот парк “Галичица“ не примаат личен доход ниту имаат здравствено осигурување – рече Ванчо Костости претседател на охридскиот разгранок на ВМРО-Народна партија и член на Управниот одбор на ова претрпијатие.
На двајца од вкупно петте члена на Управниот Одбор мандатот им истекол во Ноември , а незначувањето на нови членови во голема мера ја кочело работата на националната установа.
– На сметката на установата средства има, но во неполн состав не може да се донесе ниту буџетот на установата, ниту пак може да се донесе годишната програма за флора и фауна, и годишниот план за јавни набавки од помал обем. Исто така вработените во националниот парк веќе 2-3 месеци немаат земено плати и здравствени каротни – рече Костоски.
Костоски од позиција претседател на политичката партија ВМРО-НП од Охрид, смета дека несогласувањата на кооалиционите партнери во Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се причината зошто не е фоормиран нов Управниот одбор.
– И ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ чиј член е министерот за животна средина сакаат да постават свои членови во Управниот одбор – смета Костоски.
Владата , рече Костоски треба да назначи кои било два члена за да може непречено да продолжи функционирањето на националниот парк Галичица.
„Приказни раскажани преку уметност“ е изложба која ја слави уметноста на деца со аутистичен спектар Сликите, кои денес беа претставени пред охридската јавност, се дело на младите уметници Јана Иван...
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св Наум Охридски“ од Охрид присуствуваа на традиционална церемонија на свечено менување на државното з...
Во просториите на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во организација на Општина Охрид, се одржа работна средба-социјален дијалог „Учи паметно-работи стручно“ На средбата свое обраќање имаа заменик-градоначал...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.