Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, пристигна во дводневна посета на Скопје, пренесува „Макфакс“.

 

Согласно агендата, Коѕијас вечерва ќе има работна вечера со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, а утре ќе остварат и официјална средба. За утрешниот ден предвидена е и средба на Коѕијас со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

За време на средбите се очекува да стане збор за позициите на двете земји во врска со нацрт-договорите за решавање на спорот за името. На 30 март министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе се сретнат во Виена, заедно со личниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.

Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

OhridNews
извор: „Макфакс“