Поради основано сомнение дека е сторител на едно казнено дело „Кражба“ Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против лицето П.Н. роден 1990 година од Охрид.

Пријавениот, во периодот од  месец мај 2006 година до февруари 2009 година, во повеќе наврати влегувал во станот од заедничката куќа, сопственост на негов близок роднина од каде против-правно присвојувал пари, златни и други вредни предмети. На тој начин, П.Н. се стекнал со против-правна имотна корист од вкупно 150.000 денари.

Кражбите од домот на роднината, П.Н. ги започнал по завршување на основното образование. Тој, почесто влегувал во спалната соба од каде одземал пари, златни женски обетки, наруквици и ланчиња кои потоа ги продавал по Охридските златари. Пријавениот, со повременото влегување, успеал да одземе вкупно 1000 евра и 16.000 денари

извор СВР Охрид

Ohridnews