Oхридската полиција внимателно ги истражува случајот од пред два дена, кога на удар на крадците се најдоа три цркви и Галеријата на икони во Охрид. За среќа не се одземени вредни артефакти, бидејќи крадците не успеаа да влезат во Галеријата на икони и во црквата Св. Богородица во Каменско, каде се вклучиле алармните системи. 

-Кога дојдов, видов вратата беше отворна, провалникот не успеал да влезе, a алармот свиреше. Црквата ja спаси металната решетка, раскажува Димитри Богданоски прислужник во црквата Св. Богородица во Каменско.

Од црквата Св. Еразмо крадците не одзеле ништо, а од Св. Никола Геракомија си заминале со 2400 денари.

Дел од крадците се снимени од безбедносните камери поставени во црквите и во Галеријата на икони, а полицијата презема мерки за нивна идентификација. Оттаму информираат дека до сега во охридско не е забележана организирана група која оперира по сакралните објекти, како што тоа е случај во струшко каде изминатите години се евидентирани голем број кражби на икони и други вредни артефакти и затоа на случајот му се пристапува со целосно внимание.
ОhridNews