По соопштувањето на ваквата одлука, навивачите веднаш реагираа дека Лампард е срцето на екипата и не смее на таков начин да се раздели од клубот.
На ваквата ситуација во Челси бурно реагирал долго годошниот соиграч на Лампард и предводник на “сините“ Џон Тери, кој се заканил со напуштање на тимот ако му го направаат тоа на неговиот соиграч.
По заминувањето на Дрогба, единствени од “старата гарда“ во екипата на Челси останаа Лампард и Тери, ако и тие двајца заминат тогаш ќе се стави точка на една брилијатна фудбалска ера на Стемфорд Бриџ.