Засега непознат сторител изврши тешка кражба во црквата „Св.Наум“ лоцирана во охридското село Лескоец.
– Во внатрешноста на црквата е влезено ноќта помеѓу 14 и 15 февруари оваа година, насилно и со употреба на подесен алат со кој е оштетена влезната врата од црквата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Сторителот на тешката кражба, за кратко време извршил пребарување во внатрешноста на црквата по што одзел 200 денари.
OhridNews