Деновиве на You tube започна да се емитува видео клип со кој се промовира рачна уметничка изработка на накит -филигран од сребро. Комплетен автор на видеото е охриѓанецот Мартин Додевски, а филигранот го изработува Марија Дудан, дизајнерка на накит/филигран од сребро, инаку ќерка на истакнатиот уметник од Охрид Анастас Дудан.

Видеото е снимено во нивното атеље во Охрид.


Интернетот како медиум се почесто се користи за презентација на уметноста, културата и традициите, кои се препознатлив белег на Охрид.

OhridNews