Пет години креативните видеа, анимации и други дигитални содржини на охридската маркетинг агенција и продукција „Digital Box“ ја одушевуваат интернет публиката на сите меридијани. Креативните содржини кои тимот на „Digital Box“ ги создава за различни дигитални платформи имаат по десетици илјади прегледи и искучителен прием кај публиката низ целиот свет.

Светот забрзано се дигитализира, а со тоа растат потребите на огласувачите кои се повеќе ги следат трендовите и сакаат да им се доближат на корисниците на социјалните медиуми и интернетот, како водечки платформи кои создаваат додадена вредност на бизнисот и огласувачката индустрија воопшто, која освен економијата ги вклучува и културата, забавата и други области кои го привлекуваат вниманието на огромна маса луѓе која се брои во милиони, милијарди. – вели Борче Димоски, предводник на креативниот тим на „Digital Box“.

Поради значително зголемениот интерес за дигитални креативи, „Digital Box“ го проширува својот тим со добро потковани „2D аниматори“, со одлично познавање на овој тип анимации и изработка на содржини во „Аdobe after effects“.

Нудиме извонредни услови за работа и напредок во кариерата. „2D“ аниматорот во нашиот тим ќе работи на графички решенија за познати светски компании. – посочуваат од „Digital Box“.

Креативните анимации, видеа, фотографии и дизајн кои ги создава тимот на„Digital Box“ се препознатливи по својот извонреден квалитет кој одамна ги надмина границите на нашата земја, а она што особено радува е фактот што и кај нас постојат компании чиј квалитет е препознаен во глобални рамки, што пак е мотив за сите добро подготвени креативци кои сакаат перспективна работа и кариера посветски терк.

OhridNews