Поттикнување на младите за креирање на авторски дела и нивна промотивна презентација е целта на проектот „Креативност“ кој ќе се реализира на 18 јули со почеток од 21 часот на плоштадот „Долна Порта”.

На настанот ќе биде претставен и Култ културниот центар – Охрид со уметнички дела и изработки создадени на креативните работилници. Академија СЈАЈ – Охрид ќе ја претставува креативната едукација за цртање на лице и тело, каде уметноста, боите и фантазијата се спојуваат во уникатно искуство. Преку современи техники и практична работа, учесниците ќе научат како со професионални бои и креативност се создаваат впечатливи уметнички трансформации за деца и возрасни.
Проектот е поддржан од Секторот за култура при Општина Охрид, како и други помагатели.
Организаторите посочуваат дека с=ако настанот биде одложен поради временска неприлика на денот на одржувањето ќе се презакаже наредниот ден на 19/07/2026 со почеток во 21:00 часот.
OhridNews









