СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 79-годишен жител на село Издеглавје, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”.

Како што веќе информиравме, на 28-ми август пријавениот физички го нападнал неговиот 81-годишен брат и со тврд предмет го удрил по главата. По нападот, повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

OhridNews